Дијамантите се најдобрите пријатели на нашата манекенка Маја Сашек

31 октомври 2013

Како што ни најави во интервјуто за Fashionel, нашата позната манекенка со интернационална кариера Маја Сашек е пребукирана со ангажмани во Обединетите Арапски Емирати. Таа е една од најбараните манекенки во Дуабаи, а преку нејзиниот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук ги сподели и фотографиите од своите последни ангажмани. Таа и овој пат на себе има дијаманти од брендот Harvey Nicholas за фотографирањето на рекламна кампања и има улога на невеста. Како изгледа нејзината убавина надополнета со најдрагите камења на жените погледнете од галеријата во продолжение.

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Сцена