Диор ќе го реставрира селото на Марија Антоанета во Версај

18 ноември 2013

 

Модната куќа Диор е официјален спонзор кој ќе го реставрира селото на Марија Антоанета во Версај. Селото Hameau de la Reine е проектирано од страна на архитектот Ричард Мигуе и сликарот Хуберт Роберт во периодот околу 1783 и 1789 година. Самиот крај, изобилува со неверојатна природа и пејсажи кои оставаат без здив. Се работи за местото каде кралицата Марија Антоанета се повлекла со своите поданици за да се посвети на својот „селски живот“.

 

 

Селото е изградено во вид на макета и сите изградби се направени без темели, само од гипс. Нивните екстериери се многу едноставни, како вистинска селска населба, а внатрешноста пак дише во духот на рококо стилот. После револуцијата во 1789 година селото било затворено. Реконструкцијата се планира да биде целосно завршена до 2015 година и вклучува зајакнување на ѕидовите на сите изградби, целосно уредување на зеленилото, леите и вегетацијата околу куќите, поправка на крововите и обновување на целиот ентериер врз снова на слики и списи кои датираат од 18 век.

 

 

Објавено:
18 ноември 2013
Категорија: 
Сцена