Дизајнерот Мајкл Корс ќе ја награди Хлари Клинтон

1 август 2013

2013 CFDA Fashion Awards - Show

Хилари Клинтон ќе доби награда „Мајкл Корс“, која воопшто за првпат ќе биде доделена годинава од дизајнерот. Признанието е нов момент во рамки на „God's Love We Deliver awards“, за исклучителни придонеси од јавен интерес.

„Длабоко сум почестен што оваа награда која многу ми значи ќе ја врачам токму на госпоѓа Клинтон. Таа е толку посветена и ефективна хуманитарка, чија обврска кон заедницата е значајна за целата планета. Благодарение на нејзиниот талент и несебични заложувања, таа ги подобри животите на милиони луѓе и основаше фондација за подобар свет“, изјави Мајкл Корс.

Годишните награди за хуманитарност ќе се одржат на 16. октомври, светскиот ден на храната. На овој ден, организациите им подготвуваат храна на бездомниците и на сите оние што имаат потреба од згрижување.

Објавено:
1 август 2013
Категорија: 
Сцена