Актерката Кејт Хадсон важи за една од најзгодните во Холивуд, а и најнасмеаните и најсреќните (особено по издавањето на Pretty Happy: Healthy Ways to Love Your Body). Многумина ѝ завидуваат и на енергијата што ја шири, а магазинот Elle одлучи да сподели дел од нејзините тајни за добар изглед.
Не појадува. Никогаш.
Иако многумина велат дека првиот оброк е и најважен во текот на денот, тоа не важи за Хадсон.
-Не сум од тие луѓе што се будат гладни... Кога ќе огладнам сфаќам дека мојот појадок е во текот на денот или доцна навечер – вели актерката.
Таа додава дека утрото ѝ започнува со кафе и зелен џус. После вежбите, што вклучуваат комбинација на трчање, пилатес и возење велосипед, пие и протеински шејк.
Сепак, да не излезе дека ништо не јаде, Кејт признава дека има два вкусни грева: пица и макарони со сирење.
А ако го гледате Инстаграм профилот на актерката , ќе видите дека една работа постојано се провлекува – кафе! Не само што го започнува денот со него, туку ги полни и батериите во текот на денот.
Сепак, секојдневно таа се придружува на алкална диета, што значи дека се труди да ги одбегне сите исклучително кисели производи, па 60 до 80 проценти од калориите што ги внесува доаѓаат од соино брашно и млеко, јаткасти плодови, овошје и зеленчук.
-Нашите тела се еден голем хемиски експеримент. Диетата што ја применувам значи дека треба да одбегнувам месо, млечни производи и најмногу глутен. Морам да внимавам на внесот на шеќерот во организмот. Но, тоа не значи дека имам големи рестрикции. Едноставно се трудам нивото да го одржувам во нормала и да се забавувам. Тоа значи дека јадам и пуканки кога одам во кино и дека не можам да одолеам на тестенини кога излегувам навечер во ресторан – потенцира актерката.
Таа открива и дека често користи достава на храна.
-Често се јавувам, одлични се. Кога сте на ваква диета знае да биде и скапо, но е убаво бидејќи знаете дека можете да се придржувате на исхраната дури и кога немате време за да ја приготвите.
Иако не јаде кога е емотивна, сепак вели дека имала и лоши избори на храна.
-Сега, после многу обиди и грешки, открив како да не мислам премногу на тоа што го јадам. Не се ограничувам, научив да уживам во нови вкусови и нови начини да ги внесувам во телото. Секогаш сум отворена да истражувам со храната – признава Хадсон.