Кортни Часис, нутриционист од Филаделфија ги открива трите грешки што многумина ги прават кога се на диета.
Како што вели таа, следејќи ги клиентите и начинот на нивната исхрана, посакуваните резултати не биле постигнати поради следниве три причини.
Погрешен тајминг на конзумирање
Кога ја јадеме храната е од големо значење според Кортни и сè почесто е главна тема на дискусија помеѓу нутриционистите. Се препорачува да не се јаде пред легнување, односно треба да го оставиме желудникот празен најмалку два часа пред спиење. Една од грешките што луѓето ги прават е токму тоа.
Недостаток на хранливи материи
Недостаток на витамин Б, магнезиум или витамин Д, можат да имаат негативен ефект врз метаболизмот, што пак директно влијае и врз можноста за губење на килограми. Фокусот не треба да биде ставен само калориите, туку на самата храна што се јаде, а доколку е потребно да се внесат и одредени суплементи.
Јадење храна што не е зготвена дома
Обврските во текот на денот умеат да предизвикаат стрес и тоа да нè натера да посегнеме кон храна, па дури и ако не сме гладни. Купуваме нешто набрзина и не сме свесни што сè ќе внесеме во организмот. Кортни советува да практикуваме храна зготвена дома. Така ќе знаеме што внесуваме и колку е истото хранливо.
Фото: Pinterest