Без разлика колку и да сте смирени или тешко се вознемирувате, сигурно барем еднаш во денот ќе се случи некоја ситница да ве изнервира.
Стресот и напнатоста се едни од главните виновници за многу модерни болести, а тоа се докажува секојдневно.
Внатрешниот мир во голема мера зависи од тоа што внесуваме во нашиот организам, а секако и од тоа колку сме физички активни.
Постојат неколку трикови кои ќе ни помогнат секојдневно да се одбраниме од стресот, а со редовно консумирање на одредени намирници и да се ослободиме од истиот.
Јадете риба
Докажано е дека омега - 3 мастите го намалуваат стресот и адреналинот и ги држат под контрола, па затоа се препорачува да се јаде риба три пати неделно.
Пијте вода со лимон
Веќе знаете за бројните предности што ги има редовното консумирање на водата со лимон. Имено, ова е овошје кое е полно со витамин Ц кој е еден од клучните борци против стресот, а можете да го најдете било каде и во било кое време.
Вашето тело обожува сонце
Иако нашето тело го добива витаминот Д од сонцето, знаеме дека сончевите зраци стануваат сè поопасни, па секогаш мора да користиме соодветни креми со заштитен фактор. Со тоа, престојот на сонце ќе биде одличен за вашиот организам, а секако можете и да консумирате суплементи со посочениот витамин.
Извор: Fashion.hr