Џенифер Лопез атракција во „голиот фустан“ на Валентино

20 јануари 2023

Ако ретроспективно го анализирате стилот на Џенифер Лопез, сигурно ќе забележите дека таа е фан на „голите фустани" (оние кои создаваат илузија на голо тело) и е една од ретките која знае како да ги носи. Добро го познава своето тело и своите предиспозиции, за секогаш да го направи соодветниот избор за неа, кога е во прашање таков модел на фустани.

„Гол фустан" од Валентино, раскошен до максимум, украсен со кристали и со жолта панделка на струкот, беше нејзиниот избор и за премирата на најновиот филм во кој ја игра главната улога, „Shotgun Wedding".

53-годишната актерка позираше самоуверено во креацијата кај која интересен момент е концептот на самиот крој на фустанот, дефиниран како долга наметка, додека под слоевите суптилно „ѕирка" жолтата панделка.

Фото: Fan page j.lo

Објавено:
20 јануари 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
448 пати