Џесика Бил во црно- бел гламур за новото издание на Диор

7 јуни 2014

Како што се очекува за модната куќа, Џесика Бил на црно-белите фотографии изгледа елегантно и заводливо, со доза гламур. Едиторијалот ги има задржано монохроматските детали, вклучувајќи луксузна бела блуза на едно рамо, црни свилени панталони и црна нежна ролка. Сите овие парчиња се дело на Раф Симонс, а актерката е една од ретките која доби можност да носи некои од неговите први парчиња за Диор.

Позната по класичната елеганција и природната убавина, Џесика позираше во парчиња од пред- есенската колекција  на модната куќа. Дека таа навистина уживаше во оваа фотосесија, докажуваат и сликите кои глумицата ги постираше на својот профил на Инстраграм, а воедно и пишала – „За девојка која порасна на средниот запад, историјата, елеганцијата и европскиот елемент на Кристијан Диор се навистина посебни“.

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Сцена