Џоли не старее – прекрасна и за насловната на француски Elle
•
11 декември 2015
Во нејзината промотивна кампања за најновиот филм „By the sea" во кој глуми заедно со сопругот Бред Пит, актерката Анџелина Џоли се појави на неколку влијателни насловни страни: американски Vogue, магазинот WSJ, Vanity Fair. На последната насловница, за француското издание на магазинот Elle, Џоли изгледа префинето во класична црно-бела комбинација и оддава впечаток како годините да не се никаков фактор кој влијае на нејзиниот изглед.
Иако ова филмско остварување, не помина со „одличен пет" кај критиката, сепак оствари голема популарност кај публиката, а и во самото интервју за магазинот, Џоли вели дека е задоволна од сработеното.
Фотографиите за интервјуто ги направи Арт Штрајбер.