Џулијан Мур во перфектно издание – црно од глава до пети

10 февруари 2018

Педесет и седумгодишната холивудска актерка, Џулијан Мур важи за една од најдобро облечените дами во шоу бизнисот. Она што е импозантно во нејзиниот имиџ, е тоа што подеднакво добро носи парчиња од улична мода до црвен килим.

Таа е стилски камелеон што секогаш ќе воодушеви, исто колку што се фантастични и нејзините трансформации на големото платно.

Getty images

Едно од нејзините последни јавни појавувања, беше како гостинка на неодамна одржаната модна ревија на Том Форд во рамките на Њујоршката модна недела.

За оваа прилика, Џулијан го привлече сето внимание на себе во целосно црна комбинација во која изгледаше како стилска икона на модерното време: црните кожени панталони ги комбинираше со обична црна маичка, блејзер и впечатливи сандали и мини чанта.

Ненаметлива, а сепак впечатлива комбинација кога ја носи жена со став.

 

Објавено:
10 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
712 пати
Тагови: 
Џулијан Мур