Џулијан Мур во провокативна фотосесија

17 февруари 2015

Џулијан Мур која оваа година е номинирана за најпрестижното филмско признание Оскар во категоријата најдобра главна женска улога, во филмот „Still Alice“, се фотографираше во провокативно издание за магазинот LA Confidential.

Генијалната црвенокоса актерка пред фотографот Курт Исвариенко ја открива целата своја женственост и елеганицја, со суптилно дозиран сексапил што целиот едиторијал за магазинот го прави неодолив.

На фотографиите Џулијан може да ја видиме во комбинезон со длабоко деколте, женствен коктел фустан со нагласена половина и сако-фустан со длабок V израз, потпишани од Ланван, Сен лоран и Александра Рич.

Џулијан Мур важи за една од најдобрите холивудски актерки во редовите на нејзната генерација, која е четирипати номинирата за Оскар и десетпати номинирана за Златен Глобус. Интересен податок е тоа што Џулијен во својата кариера има одиграно улоги во дури 11 фимови во кои тематиката е поврзана со геј популацијата. Таа исто така е една од најдобро облечените холивудски дами на цервениот килим.

Објавено:
17 февруари 2015
Категорија: 
Сцена