ЕЛЕНА ЛУКА кралици: Дани и Биба Додева во моќни стајлинзи инспирирани од Фреди Меркјури

2 декември 2021

Македонска филхармонија беше местото кое завчера беше исполнето од позитивна енергија и љубов кон музиката.  Трибјут концертот на младиот пијанист Бобан Мирковски и пријателите во чест на Фреди Меркјури разбуди голем интерес, а оние кои беа присутни имаа можност да уживаат во фантастичен концерт!

Секој од изведувачите со својата енергија и глас придонесе за ова искуство долго да се памети. Познати хитови во нови арнажмани, ја расположија присутната публика.

А каде е доброто расположение и уметност, таму е и ЕЛЕНА ЛУКА.

Меѓу изведувачите кои се појавија на сцената, беа и Дани Димитровска и Биба Додева.

Со оглед на тоа дека одржувањето на концертот го следеа многу немили настани и опструкции, за на крајот сепак да се реализира, никој не умееше да ја крене публиката на нозе и да ја расположи како Биба Додева. Со хуморот, неверојатниот глас, но секако и стајлингот кој специјално за оваа пригода го реализираше домашната модна куќа ЕЛЕНА ЛУКА, Биба беше вистинска кралица на сцената.

Таа се појави во црн миди фустан во комбинација со фантастична кожена јакна во црно-бела комбинација, која потсетуваше на стилот на Фреди Меркјури, а што била и една од целите при подготовките. Со внимателно одбрани и изработени детали, се направи спој на женственост и рокенрол нота.

фото: Вангел Тануров

„Eлена Лука не ми е само соработник, таа ми е долгогодишен пријател. Совршено го познава мојот сензибилитет, знае што ми треба на сцената, да се чувствувам убаво, а сепак да соодветствува и на приликата. Елена одлично го познава и мојот начин на интерпретација и енергија, што е многу важно за да може тоа да го претстави и преку облеката.

Јас точно знам што можам да носам, а тоа совршено го знае и тимот на ЕЛЕНА ЛУКА, со кој и овој пат направивме одлична комбинација. Овој концерт имаше посебна емоција. Комбинацијата што ја носев е софистицирана, женствена, сосема комплементарна на мојот сензибилитет, а воедно беше и ефектна и имаше дел од Фреди Меркјури. ЕЛЕНА ЛУКА секогаш користи квалитетни материјали, не се тоа креации добри само за на фотографија, туку и функционални, па облеката ме направи дополнителнo расположена. Убаво се чувствував на сцена. ЕЛЕНА ЛУКА е мојот прв и последен избор - нагласува пејачката, која ја почести публиката со изведба на песната „We will rock you“.

Таа додава дека публиката, иако во намален состав поради пропишаните ковид-мерки, била и повеќе од жедна за ваков настан:

„Публиката одлично реагираше на она што вчера се случуваше. Концертот беше според сите протоколи кои секојдневието ни ги наметнува. Но, без разлика на тоа, се почувствува дека на луѓето им фали да се опуштат, да избегаат од тмурните денови кои ги имавме, а нема подобар вентил и мелем од уметноста и музиката“, заклучува Биба.

Со својата специфична боја на глас, Дани даде посебен печат на неколку хитови од групата „Квин“, меѓу кои и хитот „Friends Will Be Friends“, поздравена со огромни аплаузи од публиката. На сцената се појави впепатчлива и елегантна во црно-бел костум од последната колекција на домашниот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Токму овде повторно го пронајде парчето кое го содржи нејзиниот моден сензибилитет, а сепак е тренди и сценско.

фото: Стефан Рајхл

„ЕЛЕНА ЛУКА е оној стабилен професионален партнер на кој секогаш се потпирам без задршка. А тоа е така бидејќи поседуваат експедитивност. Таа одлично организирана екипа работи со брзина на светлината, а за мене тоа е сериозна вредност. Поседуваат и професионалност, подготвеност за работа во услови на НЕуслови и сето тоа со широка насмевка“, посочува Дани.

Таа додава дека Фреди Меркјури за неа е еден фантастичен музичар и навистина ѝ е драго што била дел од овој настан:

„Овој концерт имаше премногу опструкции од секој аспект, па подготвувањето од музички аспект беше второстепено, со оглед на се' тоа со што организаторите се справуваа. Изборот на песни не е мој, но доделен од протагонистот на овој концерт. Со оглед на тоа дека Фреди за мене е чудо од поетика и музикалност, која песна да ми ја дадеа ќе ја исполнев со задоволство...Музиката е љубов и вистина“, смета Димитровска.

фото: Стефан Рајхл

фото: Стефан Рајхл

 

Со своите интерпретации концертот го збогатија и Мики Јовановски - Џафер, Андријана Јаневска со хорот „Про Арс“ кој го предводи Сашо Татарчевски, Ади Имери, кој потврди дека е фантастичен гитарист, но и подеднакво добар вокалист и Ирена Димитровска од групата „Памперс“, која и го затвори концертот.

Специјален гостин беше Влатко Стефановски, а во друштво на младите музичари Иван Кукиќ, Мартина Бараковска, Јан Стефаноски, како и Никола Автовски, Ставре Ставрев,Љупчо Соколовски...

Концертот беше во организација на „Баги комуникации“.

Објавено:
2 декември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
761 пати