Елиот Сејлорс женски модел во светот на машката мода!

25 ноември 2013

 

Елиот Сејлорс имаше успешна кариера како модел и се беше супер додека таа не одлучи да „скршне“ од курсот за да ја надмине традиционалната рута и да започне нова кариера како машки модел.

Во своето интервју за HuffPost реши да открие зошто се откажа од женското моделирање.

 

 

„Се започна како една кул идеја, еден вид на ревитализација не само во поглед на мојата кариера, туку и воопшто во модниот свет. Единствено нешто кое ме загрижуваше е можноста да ги изгубам клиентите кои ги имав како женски модел“, вели Сејлорс.

Се додека не се обидела не можела да знае каков ќе биде исходот од одлуката која ја донела.

 

 

„Во светот на модната индустрија, од жените се очекува да изгледаат секогаш младо, а кај мажите тоа не е случај. А, јас бев свесна дека ако не сега за 5 години ќе остарам. Затоа отидов ја скратив косата и се надевав на најдоброто, дека ќе можам да заработувам плата како машки модел“ изјавува моделот.

 

 

Таа никогаш не се идентификува како маж, туку едноставно таа е пред се човек, цврсто стоејќи на ставот дека тоа не е фаза во нејзината кариера. Таа веќе изградена личност и тоа е нејзина одлука на која и останува доследна.

„Андреј Пејиќ ми беше дополнителна инспирација, а Кејси Леглер која е машки модел тотално ја охрабрила да продолжи со нејзината мисија“, заклучува Елиот.

 

 

Се чини дека оваа манекенка отвора нови хоризонти во рамките на развивањето на веќе постоечката модна индустрија кон нови начини на себе изразување преку улогата на мажи или жени, сите во зависност како им одговара.

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Сцена