Ен Хатвеј во одлично издание!
•
21 август 2015
Дека маркантната Ен Хатвеј можен да биде и одличен модел, покрај тоа што е и неверојатна актерка, сведочи и нејзината фотосесија за септемврискиот број на магазинот InStyle каде воедно ја краси и насловната страна.
Софистицирана и елегантна, Ен носи парчиња на Нина Ричи, Прада и Валентино што се своевиден микс на алтернативен рок стил и елегантни костими со минималистички крој.
Сите фотографии се направени во црно-бела техника што на едиторијалот му дава дополнителна уметничка тежина.