ESPY наградите во знакот на Кејтлин Џенер

18 јули 2015

Во Лос Анџелес завчера се одржа годинешното доделување на спортските ESPY награди. Тоа беше повод на едно место да се соберат бројни познати личности, не само од светот на спортот, туку и од шоу-бизнисот.

Сијара, Дајан Соер, Бритни Спирс, Хали Бери, беа само дел од присутните ѕвезди, но сето внимание повторно отиде кај Кејтлин Џенер и кланот Кардашијан, кој дојде да ја поддржи Кејтлин.

Џенер ја доби специјалната награда за храброст „Артур Еш", а говорот што следеше ги трогна сите присутни.

За ова прво важно појавување во јавноста, Кејтлин одбра тоалета со потпис на Версаче.

-Оваа транзиција за мене беше потешка од сè што можев да си замислам. Само поради тоа, трансродовите личности заслужуваат нешто важно – заслужуваат почит. Ова патување, после децении тага, болка и збунетост ми ги отвори очите, но истовремено и ме исплаши – рече Кејтлин.

Таа во говорот ги истакна и проблемите со кои се сретнуваат трансродовите личности и тоа секојдневно:

-Ги злоставуваат, ги тепаат и убиваат, а и самоубиствата се честа појава.

Иако многумина го поврзуваат нејзиното име со храброст, Џенер истакнува дека и покрај сè, имала среќа:

-Многу му должам на спортот. Тој ми го покажа светот и ми даде идентитет. Но, со ова внимание доаѓа и одговорност. Чувствувам одговорност да ја раскажам мојата приказна на вистински, исправен начин и учејќи да го преобликувам начинот на кој се следат темите на трансродовите личности, како и начинот на кој се третираат. Но, најважно од сè е да промовирам една едноставна идеја – да ги прифаќаме луѓето онакви какви што се – заклучи Кејтлин.

Иако, доби поддршка од многумина, сепак постојат и такви што сметаат дека наградата требала да заврши во други раце, кај некој што навистина ја заслужува. Имено, наградата досега ја примиле Мухамед Али и Били Џин Кинг, а Џенер спортот го напушти уште во текот на 1970-тите.

Кардашијанови дојдоа да ѝ дадат поддршка на Кејтлин

-Иако на Кејтлин Џенер ѝ ја посакувам сета среќа и мир, ова ми изгледа како група експлатација и таблоидска игра. Во големиот свет на спортот, и притоа немам ништо против Кејтлин, можеа да пронајдат некој кој е поблизок до спортувањето и кој го заслужува сето она што наградата го претставува – изјави коментаторот на NBC, Боб Костас.

Дека наградата не заминала на вистинското место, смета и режисерот на филмот Friday Night Lights, Питер Берг. Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија, со која тврди дека ветеранот кој ги изгубил двете нозе во војна, повеќе ја заслужува наградата, од Кејтлин која го смени полот.

-Еден маж ги замени своите нозе за слобода, а друг своите полови органи за гради. Погодете кој дојде до насловна на Vanity Fair, неговата храброст ја славеше и Обама, а ја доби и наградата „Артур Еш" за храброст – пишува под фотографијата на која е Грегори Гадсон, поранешен играч на американски фудбал. Нозете ги губи во 2007 година во Багдад, а бргу после тоа одржа и мотивациски говор за момците од New Your Giants, кој резултираше со низа од десет победи и осовјување на Супер Боул.

Заслужено или не, Кејтлин уште еднаш направи светската јавност да ја слушне.

Во продолжение погледнете кој сè се појави на црвениот килим.

 

Објавено:
18 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.472 пати