Кејтлин Џенер ќе се слика за Плејбој!?

25 јули 2015

Американските медиуми деновиве објавија вест дека Кејтлин Џенер многу наскоро би можела да се најде на страниците на машкиот магазин Плејбој.

На Кејтлин ѝ била понудена сума од околу пет милиони долари, за што се вели дека е најголемата понудена сума на пари од постоењето на магазинот.

„Многу сум возбудена што конечно ќе можам да го покажам моето тело и луѓето да сфатат дека никој не треба да се срами од својата сексуалност“, изјавила Кејтлин во радио интервју.

Доколку сите овие информации се покажат како вистинити, Кејтлин ќе биде најстарата жена што се фотографирала за магазинот воопшто.

Но, таа ќе биде втората трансродова личност која прифатила ваква понуда од магазинот, откако во 1991 – та година, Каролин Коузи позираше гола за Плејбој.

Неодамна, токму Каролин говореше за важноста на имплементирањето на трансродовите личности во секојдневниот живот, со што потенцираше дека се надева дека и Кејтлин ќе ја најде својата среќа, иако ќе биде тешко.

„Таа е неверојатна атлета и херој, јас искрено се надевам дека ќе ја најде својата среќа, иако ќе биде тешко. Исто така, се надевам дека нема да брза многу со одлуката за операција, бидејќи тоа ќе биде многу тешко и болно“, изјави Каролин во интервјуто.

Извор:  http://reportquickly.com/

Објавено:
25 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.894 пати