Откако стана мајка, сктерката Ева Мендес навистина ретко се појавува во јавност. Меѓутоа, како заштитно лице на модниот бренд New York & Company. неодамна се појави на модната недела во Њујорк, да ја презентира новата колекција.
Но, она што навистина го привлече вниманието беше нејзиниот изглед и миленичето што ѝ правеше друштво на сцената.
Таа се појави во кариран костим, кој го надополни со ремен и обувки во леопард принт. На тој начин, Мендес спои едни од најголемите трендови за сезоната.
„Навистина го сакам овој костим. Тоа не е нешто што инаку би го носела, но има нешто во овие риги, нагласените раменица и „молив“ здолниште. Иако не е мој вообичаен избор, навистина ми се допаѓа“, изјави актерката.
Она што е сигурно е дека одлично изгледа во него, а воедно може да биде инспирација за тоа како можете да ги искомбинирате посочените трендови и да изгледате софистицирано и моќно.
фото извор: people.com;