Еве како изгледа работилницата на Питер Пилото

27 март 2014

Токму практичноста, широкиот простор и едноставниот, но модерен ентериер е заштитен знак на работилницата на Питер Пилото. Работилницата се наоѓа во Хагерстон, место кое е спој на личниот стил на Питер и Кристофер Де Вос. Најголемо внимание предизвикува салата за состаноци која е збогатена со креации од последната колекција есен – зима 2014.

Просториите се во бела нијанса, но монотонијата се разбива од разните принтови и детали кои даваат шаренило на просторот. Едноставниот изглед е задржан и во производството каде им е дозволено на вработените да носат тоа што сакаат, а не да се водат според некоја работна униформа. Интересно е да се знае дека дизајнерите самите инсистирале вработените да го негуваат својот стил на облекување. Во продолжение, погледнете како изгледа работилницата на Питер Пилото.

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Сцена