Фасцинантни и скандалозни – Кејт и Калифа во заедничка кампања

30 јуни 2014

Станува збор за еден од најпознатите и најплатени модели во светот Кејт Мос и младиот рапер Виз Калифа познат по тетоважите низ цело тело, кои се заштитни лица на модниот бренд Elevan Pariz.

Ориел Беншимон, еден од основачите на модниот бренд за новата соработка изјавил  – „Се препознавме во нивниот хедонизам и урбаниот гранџ стил кој го негуваат. Токму затоа нивната фасцинантност и скандалозност придонесе да ги ангажираме во заедничка кампања. Им дозволивме сами да ги одберат омилените парчиња и на крај видовме дека всушност тие ги одбраа највпечатливите од целата колекција“.

a

Виз Калифа, 26 годишниот рапер кој се проби на светската музичка сцена со хитот „Black and Yellow“ е познат по честото конзумирање на канабисот, па од неодамна лансираше сопствена линија ризли „Wiz Khalifa Brand Rolling Papers“. Во речиси сите интервјуа истакнува дека е неопходно легализација на марихуана, а и самиот признал дека месечно троши до 5 000 долари за истата.

За сликање на кампањата беше ангажиран фамозниот фотограф Тери Ричардсон, а Дан Кохен, ко – основачот на Elevan Pariz смета дека тој бил вистинскиот избор, односно личност која ќе ги претстави Кејт Мос и Виз Калифа во оригинално издание.

Инаку за Кејт Мос ова ќе биде втора кампања за истиот бренд за кој претходно биле ангажирани Лени Кравиц и Иги Поп.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Сцена