Гламурозната страна на спортот со Изабели Фонтана

26 јуни 2014

Додека во фокусот на светската јавност е Мундијалот во Бразил, модната сфера се посвети на еден друг сегмент од оваа егзотична земја - преубавите жени. Во јунскиот број на бразилското издание на Harper's Bazaar, една од најповиканите бразилски манекенки Изабели Фонтана, ја открива гламурозната страна на спортскиот дух во едиторијал кој го направи фотографот Фабио Бартелт.

Изабели ја гледаме во ултра модерни комбинации на брендовите Фенди, Гучи, Најк и Прада што ја проследуваат годинешнава тенденција за балансиран спортски и елегантен изглед, а вклучуваат: колор блок комбинации, парчиња со висок метален сјај, патики, транспарентни материјали и волуменозни здолништа.

 

 

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Сцена