Бразилските топ модели позираат за претстојното Светско првенство во фудбал
•
23 мај 2014
Модниот магазин Вог добро знае како да ги искористи бенефициите од планетарниот спектакл, па реши да ги почасти домаќините со фотографии од најсексипилните навивачки во светот.
Насловната страна на јунското издание на американскиот Вог го краси преубавата Шарлиз Терон, а во едиторијалот кој ги спојува фудбалот и модата во една целина, се наоѓаат фотографии од Адријана Лима, Ракел Цимерман, Алесандра Амбросио и Изабели Фонтана. Моделите носат креации на Стела Мекартни, а фотографиите ги потпишува фамозниот Стивен Мејсел.