Го препознавате ли овој актер?

27 февруари 2015

На годинешните Оскари тој ја доби наградата за најдобар актер во главна улога за неговата фантастична изведба на Стивен Хокинг во The Theory of Everything, а неговата најнова улога ќе ве фасцинира двојно повеќе!

Екипата на филмот The Danish Girl конечно ја објави првата фотографија со која го открија актерот што ќе ја глуми трансродовата жена Ејнар Вегенер или попозната како Лили Елбе. Имено, станува збор токму за Оскаровецот Еди Редмејн кој е непрепознатлив во нејзината улога за која никој не се сомнева дека ќе ја долови маестрално!

Дејствието на филмот се случува во 1920 – тата година, кога сопругата на Ејнар Вегенер, го замолува да ѝ позира во женски алишта откако нејзиниот модел го откажува ангажманот. Од тој момент, тој се пронаѓа толку многу во таа улога, што дури го менува и името во Лили Елбе и оттаму почнува и неговата трансформација во жена.

Филмот е дело на големиот режисер Том Хупер, кој инаку го режираше и големиот хит од 2012 – тата година, Les Misѐrables.

„Морав сѐ да гледам од женска перспектива. Мислам дека ова ќе биде најчувствителната улога што ќе ја играм било кога во животот“, изјави 33 годишниот актер.

За потребите на улогата, тој посочи дека честопати разговарал со луѓе од трансродовата заедница, за да може уште подобро да ја долови приказната за Лили.

Премиерата на филмот се очекува да се случи во 2016 – тата година, а покрај Еди Редмејн, во филмот глуми и Амбер Хeрд.

Објавено:
27 февруари 2015
Категорија: 
Сцена