Хју Грант: Требаше порано да се оженам

30 јули 2018

Британскиот актер Хју Грант во мај годинава се ожени со Швеѓанката Ана Еберштајн, а неодамна изјави дека згрешил што не се одлучил на тој чекор порано:

„Навистина е убаво во брак, не можам да се преправам дека не е. Требаше порано да се ожанам. Еднотавно, среќен сум. Среќен сум. Имам одлична сопруга и ја сакам“, изјави 57-годишниот актер во емисијата „Today“.

Грант беше познат по тоа што одбива да стапи во брак, а таа тема беше особено актуелна додека траеше неговата врска со актерката Елизабет Харли. После 13 години заедно, двојката се раздели во 2000-тата, а тоа уште повеќе ги разгоре причините околу тоа зошто актерот упорно одбива да го направи следниот чекор.

И покрај разделбата, актерите успеаја да останат во добри односи, за тоа говори фактот дека Хју е кум на нејзиниот син Демијан, роден во 2002 година.

Актерот во 2015 година изјави нешто што сите мислеа дека никогаш нема да се промени, но на крајот ја изненади јавноста.

„Не сум некој што верува во брак. Сум видел неколку добри примери во животот, можеби пет, но инаку мислам дека бракот е рецепт за заедничка мизерија“.

Инаку, Хју и Ана се заедно шест години. Хју е татко на четири деца. Првата ќерка, Табита се раѓа во 2011 година, од врската со Тинглан Хонг. Една година подоцна, станува татко по втор пат, овој пат на син, Џон Мунго Грант, кој го добива од врската со сегашната сопруга Ана. Во меѓувреме, се враќа повторно со Хонг и со неа го добива третото дете -  Феликс Грант. Во медиумите се појави веста дека во декември 2015 година актерот добил уште едно дете со Ана, но полот и името останаа во тајност. 

 

фото извор: dailymail.co.uk; popsugar.com; wsbuzz.com;

Објавено:
30 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
784 пати