Холивудската икона Лорин Бекол замина во легендите

13 август 2014

Филмската дива, која славата ја стекна во „златното доба“ на Холивуд, Лорин Бекол, почина вчера вечер во својот дом на Менхетен, пренесуваат странските медиуми. Славната актерка се збогуваше со светот во 89. година од животот, како последица од мозочен удар.

„Со длабока тага, а сепак голема благодарност на нејзиниот неверојатен живот, потврдуваме дека Лорин Бекол почина“, објави правниот застапник на семејството Богарт на Твитер.

Бекол беше мажена за славниот актер Хемфри Богарт од средината на 1940-та до неговата смрт во 1957 година. Всушност, таа е единствената добитничка на Оскар, која беше мажена за двајца добитници на таа награда - Богарт и Џејсон Робартс.

Во 2009 на доделувањето на почесниот Оскар Во 2009 на доделувањето на почесниот Оскар

Инаку, Лорин е родена на 16. септември 1924 година во Њујорк, како Бети Џоан Перкс, во семејство на еврејски имигранти од Романија и Полска.

 

После школувањето, започнува кариера како модел, а набрзо благодарение на својата убавина, се најде на насловната страна на и тогаш еден од најпопуларните магазини за жени, Harper's Bazaar.

Благодарение на тоа пак, ја забележува режисерот Хауард Хоукс и и' понуди главна улога во филмот „Да имаш и да немаш“(1944 г.), а нејзин партнер во остварувањето беше, тогаш веќе славниот Богарт.

Тоа е почеток на една одлична актерка кариера, но во исто време и една од најголемите љубовни приказни. Во 1945 година, познатата двојка ја крунисува својата љубов со брак.

Во партнерство со Богарт, Лорин ги сними и хитовите „Длабок сон“, „Ки Ларго“, „Мрачен пролаз“, а со Мерилин Монро „Како да се омажиш за милионер“.

од венчавката со Богарт од венчавката со Богарт

Во текот на долгата филмска кариера беше дел од остварувањата „Убиство во Ориент Експрес“, „Огледало со две лица“,„Прет а Порт“, а еден од последните поголеми ангажмани и' е во 2004 година, во анимираниот филм „Подвижен замок“.

Бекол зад себе остави три деца - две со Богарт и едно со Џејсон, со кого беше во брак од 1961-та до 1969-тата година. Сепак, според нејзината автобиографија, единствената и голема љубов во нејзиниот живот е Богарт, иако со неполни 40 години останува вдовица. Од интересните податоци за неа, често се издвојува и оној дека беше внука на поранешниот израелски претседател, Шимон Перез.

Со Богарт и двете деца Со Богарт и двете деца

Американската филмска академија се прости од Бекол со нејзин цитат: „Бев среќна во животот“. Исто така, објавена е и снимката од актерката кога во 2009-тата го прими почесниот Оскар.

За театарските ангажмани, како и за филмските Лорин е наградувана и со „Тони“ и два „Златни глобуса“.

Во продолжение погледнете ја галеријата и уште еднаш воодушевете се од безвременската убавина на оваа талентирана жена.

 

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Сцена