Инста стил: Омилените јапонски танчарки со уникатен имиџ

21 ноември 2016

Најверојатно повеќето од вас прво ги забележаа во видеото на Мадона за „Bitch I'm Madonna", но во источната култура се ултра популарни далеку пред тоа.

Aya Sato и Bambi се двете неверојатни девојки што го создадоа танцовото дуо AyaBambi препознатливо по хируршки прецизните движења во нивните кореографии, но и по впечатливиот готик-индустријал имиџ благодарение на што брзо беа забележани и во модната индустрија.

Тие почнаа како сензација на youtube, но сега имаа светска кариера благодарение на значајните соработки со познати дизајнери како што е Александар Ванг, но и музичките мега ѕвезди како Мадона која ја придружуваа и на сцена на нејзината последна турнеја.

Со Ванг соработуваа за неговата есен-зима кампања за 2015 година, додека во меѓувреме се појавија во бројни едиторијали за светски познати модни магазини.

Нивниот профил на Инстаграм изобилува со фотографии во кои ќе го препознаете нивниот уникатен индивидуализам, претежно облечени во монохроматски црни стајлинзи што припаѓаат на готик стилот, а се разбира ќе имате можност и да погледнете кратки видеа од нивните сензационални кореографии.

 

Објавено:
21 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
379 пати