Ирина Шајк ни ја најави пролетта – лежерен изглед во бело

3 март 2020

Дури и на Париската модна недела може да се појавите во одмерено лежерна комбинација и да бидете перфектен моден пример... Ако сте Ирина Шајк.

За време на Модната недела во Париз, надвор од нејзините професионални ангажмани, таа беше забележана во лежерна, но ултра модерна, монохроматска комбинација во бело.

Комплетно белите комбинации се особено актуелни во пролет и лето, па Ирина со овој избор на аутфит, ни ја најави претстојната сезона.

Едноставна бела маичка, бел џинс и мантил – уште еден пример дека едноставноста е безвременска.
Секако, моднте додатоци имаат своја функција. Во случајов, Ирина одбра чанта со змиски принт за да ја разигра монохроматската целина.

Фото: dailysunpost.com / profimedia

Објавено:
3 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.348 пати