Деловниот стил на шпанската кралица Летиција е фантастичен

12 јули 2017

Повеќепати низ нашите содржини сте прочитале за исклучителниот стил на шпанската кралица Летиција, која сосема коректно го заслужува престижниот епитет – икона на стилот. Елеганција и грациозност достојни за кралица.

Фото: Profimedia

Она што исто така импонира, е нејзиниот деловен стил – вистински пример за врвен бизнис имиџ. Од комбинацијата на парчињата до начинот на кој таа ги носи, кралицата Летиција е дефиниција за тоа како треба да изгледа една дама во деловниот свет.

Фото: Profimedia

Нејзиниот избор честопати се минималистички парчиња, со чисти и едноставни линии, што оставаат простор комбинацијата да се надополни со некое интересно парче накит или друг моден додаток.

Се осмелува да направи и храбар избор на бои што ги неутрализира токму со едноставноста во кројот на облеката, а високите потпетици се речиси неизбежни.

Фото извор: Pintereset/Queen Letizia of Spain

 

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.107 пати