Шпанската кралица Летиција важи за една од највлијателните модни икони во круговите на кралските семејства. Наклонетоста на модната публика ја добива и со нејзината растеретеност во однос на брендираната облека, па често во нејзиниот стил имплементира лесно достапни парчиња од „high street" етикетите.
Но, умешноста, па и уметноста е во тоа што таа толку добро се познава себеси и своето тело, па речиси без исклучок бира облека што совршено прилега на нејзината фигура. А притоа, без претерување и најчесно преку сведена елеганција, прикажува врвна мода и во наједноставни изданија.
Овојпат, комплиментите се за нејзиниот избор на женствен, црвен, плисиран фустан во кој беше забележана на Мајорка, каде деновиве е на летен одмор со своето семејство.
Фустанот е со должина над глуждовите, со нагласена половина и во суптилна А линија – модел што одлично ѝ прилега, а особено впечатлив го прави неговата интензивна црвена нијанса.
Може да ви послужи и како предлог стајлинг за летен елегантен изглед за некоја посебна прилика, со тоа што може да додадете впечатливи обетки и високи потпетици.