Елегантна зимска мода по примерот на кралицата Летиција

13 декември 2021

Шпанската кралица Летиција е пример за дама од кралските кругови, која совршено знае да го спои елегантниот со трендовскиот изглед, а притоа останувајќи доследна на себе.

Често ја посочуваме и како пример за перфектно облечена +40 дама, а во нејзиниот стил може да се пронајдат голем број жени кои знаат храбро да одиграат со боите и принтовите, а сепак да ги имплементираат во безвременска класика.

Во нејзиниот стил често комбинира дизајнерски, но и парчиња од комерцијалните „high street" брендови, со што прави умешни естетски миксови.

Оваа сезона нејзините јавни појавувања се вистинска модна разгледница во која доминира женственоста, со избор на парчиња во кроеви што го потенцираат струкот, во А линија или такви што суптилно ја следат женската силуета.

Неодамна, пред јавноста се појави во шик комбинација со здолниште со принт, ролка во бела боја и високи црвени чизми, со што уште еднаш го потврди својот храбар моден пристап.

Издвоивме неколку стилски изданија, кои може да ви послужат како инспирација.

Фото: Инстаграм

Објавено:
13 декември 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
658 пати