Ана Вјалитсина, супермоделот кој настапува за Викторија Сикрет, а во модниот свет е позната под псевдонимот „Ана В.“, ја „разголе“ својата душа за тоа како била присилена да ослабне кога имала само 16 години.
-Ми беше речено дека морам да ослабам, а тоа низ што се јас поминав не треба во иднина ниту една девојка да го искуси, изјави моделот во Њујорк на една дебата која како централна тема ја имала законската одредба со помош на која би биле заштитени правата на помладите под 18 години во услови кога тие работат. Оваа законска одредба е веќе усвоена, а се чека да ја потпише актуелниот гувернер.
Оваа преубава русокоса и топ модел отворено говореше за предизвиците со кои морала да се соочи во рамките на модната индустрија уште како тинејџер. Сега дваесет и седумгодишната манекенка зборува како го напуштила малото руско село во кое живеела и на 15 години дошла во Њујорк за да си ја проба среќата во модната индустрија.
Зборува и за тоа како на 16 години се уште се немала бакнато со ниту еден маж и како после појавувањето на пистите, изненадно почнала да го привлекува вниманието на спротивниот пол. Не изостанувале и забавите по клубовите каде и нуделе алкохол. Моделот тврди дека многу мал број манекенки кои таа ги познава лично, немале никаква заштита.
-Многу девојки почнаа да се занимаваат со мода во исто време како и јас, со многу од нив се дружев, а се некои и цимерував, но сега за поголемиот дел од нив не знам ништо, ниту каде се, со кого се, што прават, потврди Ана В.
Ана е врвен модел и е во првата постава на модели кои парадираат за брендот Викторија Сикрет, но таа работи и за други познати модни куќи како Шанел, Прада, а ги красела и насловните на некои од најпознатите магазини Elle, Glamour, Vogue, Harper’s Bazaar и слично. Според неа ова е прекрасна работа но и меч со две острици. Од една страна се е многу убаво и бајковито, има одлична заработка, но носи и големи ризици.
-Морате да имате став, инаку нема да опстанете во оваа работа ако сте глупави, заклучува Ана, која поради своето лично искуство сака да им помогне на сите млади девојки кои се наоѓаат во слична ситуација како што била таа.
-Кога ќе погледнам назад кон минатото и видам со што се сум морала да се изборам, посакувам тогаш да постоеше некаков закон со кој ќе се заштитат младите модели или барем некаква организација на повозрасни и поискусни модели која би ги поддржувала, завршува Ана.
Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии од Ана В.