Обожавателите и медиумите често се восхитуваат на нејзината музика,убавина и стил. Познатата пејачката Гвен Стефани, на својот приватен профил на социјалната мрежа Твитер, се потсети на изгледот од далечната 1983 година, каде на поставената фотографија на профилот, таа зема автограм од славниот Стинг. Тогаш, многу младата Гвен воопшто не личи на онаа од сега, би ја препознале? Обожавателите по само неколку часа стиснаа преку милион лајкови. Оправдано заслужените допаѓања, освен за нејзиниот нормален иглед на адолесцент во 80-те, од девојка во бели рамни сандали, кратки бермуди, жолт топ и модерна фризура од тој период, за Гвен беа упатени и симпатии за искреноста како доблест. Малку подоцна, пејачката повторно се огласи со ретроспективна објава на настап со групата „NoDoubt“ на Супер Бол од 2003 година.
•
4 февруари 2014
Објавено:
4 февруари 2014Категорија:
Сцена