Какви книги читаат манекенките во бекстејџ?

9 октомври 2013

Во меѓувреме додека манекенките се подготвуваат за старт на ревиите поминуваат неколку часови додека се финализира нивната фризура и шминка, посебно меѓу ревии. Иако, некои мислат дека бекстејџот е рај за жените на кои им се овозможува оваа прилика за разубавување, верувајте дека токму фризурата и шминката се најисцрпувачки моменти од подготовката за на писта.

 

Но, сигурно сите сте забележале дека речиси секоја од манекенките го чепка својот мобилен апарат додека ја подготвуваат, а има и такви што читаат книги, модни списанија, градски мапи, литература. Во продолжение погледнете ги фотографиите на кои ќе видите која манекенка какво четиво ја интересира.

 

Објавено:
9 октомври 2013
Категорија: 
Сцена