Кејт Бланшет наградена на Women in Film

13 јуни 2014

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

И додека вниманието на цел свет е насочено кон Светското првенство во фудбал што се случува во Бразил, малку погоре на север, холивудските ѕвездени диви решија во градот на ангелите, Лос Анџелес повторно да бидат дел од уште едно издание на манифестацијата „Women in Film“. Како и секоја година манифестацијата беше поддржана од модната куќа Макс Мара, а се одржа во чест на жените кои имаат огромно влијание врз филмската индустрија.

Кејт Бланшет Кејт Бланшет

Непрофитната организација „Women in Film“, секоја година доделува награди на актерки кои изминатата година оствариле имале најголем придонес во рамките на филмот. Главната хероина на церемонијата оваа година беше неодоливата русокоса Кејт Бланшет.

Никола Марамоти и Роуз Брн Никола Марамоти и Роуз Брн

Според претставници на организацијата Кејт е олицетворение на добрина и милост и затоа заслужува да се најде на листата наградени. Покрај Бланшет, на настанот присутни беа и Ева Лонгорија, Кери Вашингтон, Меги Гиленхал, Лејк Бел и други.

Дарија Веледеева Дарија Веледеева

Кери Вашингтон Кери Вашингтон

Меги Гилинхал Меги Гилинхал

Лејк Бел

Алиона Пенева Алиона Пенева

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Сцена