Кејт Мос се посрамоти пијана во авион

31 јули 2014

Кејт Мос се појавила пијана на аеродромот во Бодрум, од каде летала за Лондон. Славната манекенка се обидела да се чекира без авионски билет, но тоа уште во самиот момент не и тргнало од рака. Изненадените патници не можеле да поверуваат дека манекенката си дозволила хистерично однесување пред сите.

 

Таа почнала да вика гласно за да ја пуштат во авионот, а после долг разговор со менаџерскиот тим на „Easy Jet“ компанијата, Мос сепак летала без билет.

 

Според информации од странските медиуми, патниците во авионот почнале да се шегуваат на сметка на манекенката, па во текот на летот известувале во каква состојба е Кејт. Секако, ова не е првпат славниот топ модел да направи скандали во јавност во алкохолизирана состојба.

 

Објавено:
31 јули 2014
Категорија: 
Сцена