Кели и Шерон Озборн ја снимаат новата кампања на MAC

5 мај 2014

Во едно од многуте студија што се наоѓаат покрај реката Хадсон во Њујорк, изминатиов период можеше да се забележи армија стилисти, make up артисти, асистенти, публицисти кои заедно со Шерон и Кели Озборн, сопругата и ќерката на познатиот пејач Ози Озборн ја подготвуваат кампањата за нивната соработка со компанијата за шминка MAC.

Кели и Шерон позираа пред фотообјективите за најновите козметички производи на MAC, што треба да се појават во официјална продажба од наредниот месец, а се инспирирани целосно од виолетовите и огнените прамени коса на мајката и ќерката.

„Убаво е што јас и Кели сме први во реализација на еден ваков проект за MAC. Морам да признам дека Кели секогаш ми „краде“ дел од моите шминки, па затоа сум среќна што конечно ќе има своја палета производи и искрено се надевам дека ќе почне да си ги користи“, изјави 61-годишната Шерон, која ужива во снимањето на кампањата.

Пасијата што 29 годишната Кели ја има кон розовите нијанси со годините се повеќе се распламти, па по тој повод таа заедно со make up артистите на MAC дизајнираше дури пет нови нијанси на розово што таа буквално ги обожава и вели дека се наменети за сите жени и девојки без разлика на нивната боја на кожа бидејќи токму розовите нијанси одговараат на сечиј тен.

Во лимитираната колекција на шминки покрај кармините ќе се најдат и сенки за очи, руж и лакови за нокти.

Фотографската приказна на модниот фотограф Мајлс Олдриџ ќе биде целосно во техниколор техника и комплетно во британски дух. Според него Шерон треба да изгледа строго облечена во црни широки панталони со блуза без ракави и црвена јакна, а Кели треба да биде како Брижит Бардо облечена во фустан со А-линија и црна јакна.

 

 

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Сцена