Магазинот Love објави уште едно изненадување за Новата година со нивната нова миленичка Кендал Џенер.
Сѐ ќе беше сосема во ред, доколку на снимањето на провокативното видео не и се придружи и нејзината мајка, 59 – годишната Крис Џенер.
Во краткото видео снимено од Даг Инглиш, мајката и ќерката танцуваат во секси транспарентни хулахопки додека и се спротивставуваат на новогодишната елка.
Дека светот е преплавен со семејството Кардашијан – Џенер, говори и фактот што пред само два дена беше објавена новата кампања на Балман во која главните улоги им беа доделени на Ким и Канје.
И сѐ би било симпатично доколку 59 – годишната мајка Џенер не е постојано во чекор со нејзините ќерки, без да сфати дека тие се многу помлади од неа.
И не е дека ни пречи моментот на семејно фотографирање и снимање за празниците, ниту пак имаме нешто против нејзините години, но конечно е време да им го отстапи местото на нејзините потомци без да се натпреварува со нив. А и некако не е вкусно да биде подеднакво секси со нејзината 19 – годишна ќерка!
Што мислите вие?