Кјара Ферагни во пролетната кампања на Tod’s
•
8 мај 2013
Иако се претпоставуваше дека со оваа соработка Кjaра ќе стане новото заштитно лице на модниот бренд и ќе ја замени Гвинет Палтроу, сепак таа само ја претстави новата колекција за пролет-лето 2013.
Пред објавување на службените фотографии, претставниците на Tod’s го именуваа новиот креативен директор, Алесандра Фачинети, која доаѓа на местото на Дерек Лама, кој ја напушти куќата пред година дена.
Алесандра претходно работела за Гучи и Валентино и ја има дизајнирано линијата „Uniqueness“ во соработка со Пинко. Сега под нејзина ингеренција спаѓаат колекциите за облека и модни додатоци, а првите парчиња од неа ќе може да ги видиме во колекцијата пролет-лето 2014.