Кога Зендаја носи Вера Ванг

18 април 2024

Името Вера Ванг само по себе е поим за совршенство во креацијата на свечени тоалети. А кога една нејзина креација ќе стане дел од стајлингот на прекрасната Зендаја тогаш резултатот е восхитувачки.

Младата актерка која важи за модна икона, уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот моден избор.

Таа деновиве го промовира својот најнов филм Challengers, па заедно со нејзиниот стилист Лоу Роуч одбира уникатни креации кои не остануваат незабележани.

Гламурозниот фустан во којшто Зендаја се појави во Лос Анџелес изгледа необично добро.

На прв поглед гледаме навидум неспоиви парчиња, коишто како да чекаат да бидат довршени. Црн корсет со тантела во горниот дел и балска розова кринолина со парчиња црн тул, се нешто кое не го очекуваме заедно.

Сепак Вера Ванг нема да биде она што е ако мајсторски не ги спои овие елементи во беспрекорна целина. А за сето тоа да изгледа бајковито убаво Зендаја ја додаде својата магија на извајаната фигура и егзотичната убавина со мала доза на мејкап во земјени тонови.

Фото: Instagram, Facebook

Објавено:
18 април 2024
Категорија: 
Сцена