Летниот стил на Амал Клуни
•
14 јули 2023
Сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни, адвокатката Амал Клуни, е позната по својот беспрекорен стајлинг без разлика за кое време станува збор.
Љубителка е на винтиџ фустани, а нејзиниот стил можеме да го наречеме класично елегантен.
Таа сака облека што ја следи линијата на телото и кога и да се појави во јавност, воодушевува со нејзините комбинации.
Кај Амал речиси нема да забележите патики, широка облека, карирани кошули, ниту пак рамни сандали. Ги сака високите потпетици, а не се откажа од нив ни кога беше бремена со близнаците.
Во продолжение неколку нејзини летни комбинации низ годините.
Фото: Pinterest