Мадона и Кејти Пери во жешка фотосесија за V магазин

21 мај 2014

Едната кралица на поп – музиката, а другата на добар пат да ја замени! Токму двете кралици – Мадона и Кејти Пери, ги здружија силите за секси и жешка фотосесија за V магазинот.

Како што и се очекуваше, фотографиите наидоа на огромен интерес кај нивните обожаватели, а истите ќе бидат дел од летното издание на магазинот.

За снимањето, двете пејачки изгледаа супер секси во кожените комбинации позирајќи пред камерата во ултра жешки изданија.

На една од фотографиите може да се види кралицата на поп – музиката како ползи по земјата, додека нејзината помлада верзија држи камшик во рацете.

Насловот што може да се види и на двете фотографии е Madonna…and guess who? и обратно.

Мадона неодамна ги објави фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил со неколку описни зборови за фотосесијата, а истото го стори и Кејти Пери употребувајќи една од фразите во песните на Мадона – Mmmmm my baby’s got a secret!

Колку за потсетување, Мадона има продадено повеќе од 300 милиони копии од нејзините албуми ширум светот и е прогласена за најдобар женски изведувач на сите времиња.

Кејти пак, која досега има продадено околу 11 милиони копии од албумите, месецов ја објави и воедно започна нејзината The Prismatic World турнеја од Северна Ирска.

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Сцена