Славната манекенка Рози Хантингтон Вајтли пред само неколку дена за еден американски магазин го отвори својот плакар и во интервју ја раскажа својата слабост кон облеката, чевлите и аксесоарите. Нескромно и искрено, таа за своите обожаватели ширум светот ги отвори вратите од нејзиниот дом, како и раскошниот плакар, преполн со нејзиниот фетиш- чевлите. Рози има гардеробер кој од почеток до крај е исполнет со брендирани парчиња.
Од скапоцени Лубутан модели на обувки, па се до бунди и куфери со потписот на Луј Витон. Манекенката дури има и сопствена клач чанта која се вика „The Rosebud“ , изработена специјално за неа од дизајнерот Еди Паркер.
-Лондон и Лос Анџелес се многу различни, но јас ги сакам токму поради тоа, а го обожавам и времето поминато меѓу овие два града. Во Лондон, луѓето тежнеат кон експериментирање во модата и секогаш се облекуваат за да импресионираат. Во Лос Анџелес пак, сите сакаат да се чувствуваат комфорно. Секако, временските прилики и неприлики многу влијаат на облекувањето. Во Лондон, секогаш ви треба некое добро палто, додека во ЛА секогаш ти требаат фенси фармерки и очила за сонце, вели Рози и открива дека својата прва брендирана чанта ја купила на 17 години.
-Првата дизајнерска чанта што ја купив беше од брендот Клое и чинеше многу. Тогаш имав 17 години и за мене претставуваше нешто многу големо да носам толку скапа и луксузна чанта. Претходно ја гледав во магазини како ја носат славните, си реков дека морам да штедам пари, тоа треаше неколку недели, а до ден денес ја имам и никогаш нема да се одвојам од неа, изјавува манекенката.
Чизмите на брендот Alaia се нејзините омилени и вели дека никогаш не може да се замисли само со неколку чифта обувки. Секој чифт за неа има посебно значење и места каде практикува да ги носи. Рози е голем обожавател и на накитот, а омилени брендови и се: Anina Vogel, Shereen Lavi, Anita Ko и други.
-Нема ништо посекси од самодовербата, затоа ги советувам сите девојки да си набават секси долна облека која ќе ги стимулира да се чувствуваат сигурно и самоуверено. Ставете од омилениот парфем и подготвени сте да освојувате! Советува славната манекенка.