Моделите Криси Тиген, Иман, Лили Олдриџ, Констанс Јаблонски и Нина Агдал се само некои од девојките кои вистински блеснаа на годинешните Golden Heart Awards. 

Како и секоја година, така и оваа, на доделувањето на наградите се славеа некои од најголемите хуманитарци во моментов, а оваа година наградите отидоа во рацете на манекенката Карли Клос и познатиот њујоршки угостител Даниел Мејер. 

Поголемиот број девојки се одлучија за класичната црна боја соодветна за ваков тип на настани, но тоа не значеше дека не се појавија во магични комбинации. 

Најголем впечаток дефинитивно остави прекрасната Криси Тиген која на доделувањето на наградите се појави во неодолив црн фустан со долги ракави и цветни апликации по површината, со голем ремен на половината. 

Подеднакво прекрасна беше манекенката Лили Олдриџ која се одлучи за црн женствен костим составен од палто со длабоко деколте и здолниште до под колената со голем отвор и ремен на половината. 

Магична во розово беше девојката на Леонардо ди Каприо, Нина Агдал која се појави во розово фустанче со карнери и длабоко деколте украсено со дијамантски накит. 

Како и секогаш прекрасна беше сопругата на Дејвид Боуви, Иман која овој пат се одлучи за црна блузичка со пердуви и сребрени панталони комбинирани со едноставно црно палто. 

Кејт Хадсон на доделувањето се појави во прекрасен цветен фустан на долги ракави со цветови во кафена и сина боја како одлична есенска комбинација надополнета со кафени потпетици и сина чанта. 

Сосема очекувано, на настанот се појави и првата дама на Вог, Ана Винтур која овој пат одбра малку поинакви чевли од оние во кои навикнавме да ја гледаме, комбинирани со долг фустан со крем основа и темно сини кругови. 

The Golden Heart Awards во организација на „God’s Love We Deliver“, се традиционални награди посветени на сите оние кои долги години помагаат во целта на организацијата, да им подготви и достави храна на сите оние кои се премногу болни или неспособни да си зготват сами.

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
372 пати