Со провокативно летно издание Sports Illustrated слави 50 годишен јубилеј!

15 февруари 2014

Магазинот „Sports Illustrated“, за својата 50 годишнина реши на своите читатели да им приреди вистинско летно изненадување.

Насловната страна на списанието ја красат манекенките Нина Агдал, Лили Олдриџ и Криси Тејген, кои позираат во впечатливи модели на долни делови на костими за капење.

 

 

Не е прв пат моделите да се појават на насловната на ова списание, освен ангелот на Викторија Сикрет Лили Олдриџ. Нина Агдал прв пат дебитираше на коверот на „Sports Illustrated“ во 2012 година, а Криси Тејген 2008 година.

„За мене е огромна чест што сум дел од ова издание. Навистина не очекував дека ќе се најдам на нивната насловна со оглед на фактот дека ова е наша прва соработка и затоа се чувствувам вистински почестена“, рече Олдриџ.

„Јас останав без зборови. Ова е мојата цел. Не можам, а да не сум среќна“, додаде Агдал.

Тејген, пак, не можеше да ја скрие возбудата: „Возбудена, среќна, задоволна и почестена, толку“.

Фотографиите и целосната приказна беа дело на фотографот Џејмс Макари, кој беше задоволен од крајниот исход, но и од потенцијалот, временските услови, визуелниот ефект и моделите.

Јубилејното списание во продажба ќе излезе на 18-ти февруари.

 

Објавено:
15 февруари 2014
Категорија: 
Актуел