Секси модели го промовираат „Бикини“ изданието на Sports Illustrated

11 февруари 2015

Годинешното „Бикини“ издание на омилениот машки магазин овие денови, Sports Illustrated конечно го виде светлото на денот!

Специјалното издание на магазинот беше промовирано на неколку настани низ Њујорк и тоа од самите девојки кои што се дел од овој неверојатно секси број!

Како што и се очекуваше, моделите и спортистките кои се дел од ова издание, на промоцијата се појавија во неверојатно секси изданија со што го потврдија изборот на тимот на магазинот.

Дефинитивно најголемо внимание предизвика прекрасната Ирина Шајк која на промоцијата на изданието се појави во тесен црн фустан до глуждовите со целосно отворен грб.

 

Подеднакво прекрасна беше и нејзината колешка Лили Олдриџ која за оваа пригода одбра интересно кусо фустанче како комбинација од зелена и црна боја со волуменозен џеб на десната страна.

Таа позираше заедно со нејзината помлада пријателка и ИТ девојка Џиџи Хадид која ја одбра жолтата боја како доминантна во нејзиниот шик стајлинг.

На насловната на ова јубилејно издание се појави 24 – годишната американска манекенка Хана Дејвис која предизвика многу спротивставени мислења за нејзината фотографија на насловната.

Дел од јавноста истата ја посочи како најоскудната насловна на магазинот досега, посочувајќи на бикините што покриваат многу малку од телото на Хана, а некои дури и ја посочија како сериозно порнографска насловна.

Младата манекенка пак изјави дека сосема е нормално тоа што магазинот секоја година сака да направи нешто поразлично и дека оваа година едноставно е година на торзото.

Емили Ратајковски Емили Ратајковски

На прославата за 50 – тото издание на магазинот, се појавија и некои од девојките што досега ги краселе насловните и едиторијалите во магазинот.

Во продолжение во галеријата, погледнете дел од атмосферата на настанот по повод лансирањето на јубилејното издание, но и потсетете се на некои од најпознатите насловни на Sports Illustrated досега.

Објавено:
11 февруари 2015
Категорија: 
Сцена