Модна ретроспектива: Најубавите изданија досега на Канскиот филмски фестивал
•
15 мај 2023
Утре започнува 76-то издание на Канскиот филмски фестивал (16 мај - 27 мај), една од најзначајните филмски манифестации со реноме од 1946 година.
Истовремено, ова е фестивал со едно од најреномираните модни дефилеа кој низ годините наназад одржува лекција како треба да изгледа мода на ваков престижен настан.
Во очекување на новото издание на фестивалот и модните изненадувања што допрва ќе ни ги приреди, се присетуваме на некои од највпечатливите модни изгледи досега.