Модните личности во средно: Кој со кого би другарувал?

27 август 2014

Замислете ги највпечатливите личности од модниот свет на едно место - мензата во средно училиште. Инспирирани од еден од најцитираните филмови некогаш „Mean Girls“, кој воедно годинава слави 10-годишнина, креативци се погрижија за модните личности да направат посебна менза.

Во продолжение погледнете кои би другарувале, а кои воопшто не би се ни погледнале и на чија маса вие би можеле да седнете.

Пластичари - Ана Винтур, Карл Лагерфелд и Том Форд

STEPHENSON_COVERTEUR_MEANGIRLS_PLASTICS-728x728

„Во среда носиме крзно од канадска куна“

Не можете да видите низ нивните очила за сонце, но да, тие ве одгледуваат од глава до петици. Нема многу луѓе што би можеле да ја делат масата со овие елитни членови на мензата, освен можеби Грејс Кодингтон. Има ли воопшто потреба да се каже гласно дека со нив не можете да седите.

Техничари - Брајанбој, Кјара Ферањи и Сузи Бабл

STEPHENSON_COVERTEUR_MEANGIRLS_TECHIES-728x728

Ова е базата на блогосопствениците. Нивната маса е натежната од седум „IT предмети по личност“. Не се ни обидувајте да им порозборите за време на паузите. Тие ќе ве исклучат уште пред било што да кажете.

„Чудаците“ - Андре Леон Талеј, Лин Џегер и Ана Дел Русо

STEPHENSON_COVERTEUR_MEANGIRLS_WEIRDOS-728x728

На оваа маса се' проаѓа - хавајски фустани, бои на лице, чевли како од Мапет шоу. Познати се по громогласните смеења и танц помеѓу масите. Оваа група на ексцентрици е многу поизбирлива отколку што ви изгледа, но сепак, со нив веројатно и можете да седнете.

Селфи одред - Карли Клос, Кара Делевињ и Џоан Смолс

STEPHENSON_COVERTEUR_MEANGIRLS_SELFIESQUAD-728x728

Тие се оние што седат заедно од едната страна на масата, секако на онаа на која паѓа природното светло, со поткренати тенки раце, мистериозни погледи и благо напрчени усни. Секако беспрекорна кожа и коса. На нивната маса можете да слушнете разговор од типот на: „Го знаеш правилото на раката - ја сечеш фотката коа лактот „се појави“ во кадар“. Брзо поминете покрај оваа маса, за да не им влезете во кадар.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Сцена