Пред два дена се одржа Македонскиот радиски фестивал. На сцената се појавијаа голем број познати личности од домашната естрада, како и гости од странство. Покрај тоа што публиката имаше можност да ужива во песните и изведувачите кои беа прогласени за најдобри за оваа година, таа беше сведок и на различните модни изрази. Дел од нив ви ги презентираме токму тука, па еве кој колку беше успешен во модата.
Марија Петровска
Водителката на фестивалот носи еден младешки и елегантен фустан, прикладен за нејзината улога и настанот. Асиметричноста на фустанот и комбинацијата на материјалите се добро поставени, со што ја прават визуелно послаба во пределот на пловината. Нашата единствена замерка е за фризурата. Собраната коса уште повеќе визуелно би ја издолжила и фустанот уште повеќе би дошол до израз.
Марко Марк
Одлична и складна комбинација. Сако со дезен во коцки е еден од најактуелните трендови оваа сезона. Во овој случај е направено успешно и проверено усогласување на црна и сива, а во комбинацјиа со панталоните со ситни риги, во нијанса на карото од сакото, даваат една целина и младешки изглед. Дека особено се внимавало на елеганцијата и деталите, доказ е и марамчето во џебот, исто така во темно сива нијанса.
Димитар Андоновски
Пејачот очигледно ги сака боите, па повторно настпи во впечатлива комбинација. Интензивата црвена боја на сакото, интензивната сина на панталоните и жолта вратоврска со ист интензитет, се комбинација која нема кој не би ја забележал, но не е најсреќниот избор. Комбинирањето на вакви бои е храбро и дозволиво, но треба многу да се внимава. Во овој случај, жолтата вратоврска е непотребна. Можел да избере некоја што е во склад со панталоните или сакото, на пример. Или пак, панталоните можел да ги замени со темен џинс, во тој случај комбинацијата би била мошне поуспешна. Секако, без веќе одбраните чевли во кафена боја, кои не соодветствуваат на ништо. Храбро, но не доволно добро изведено.
Јелена Розга
Црн фустан е секогаш полн погодок. Хрватската пејачка изгледа елегантно, секси и модерно, за што придонесуваат и црно-златните реси во долниот дел на фустанот. Секако, кабаре- комбинацијата е надополнета со црна плико чанта со златен метален дел и фризура што наликува на оние од 1930-тите. Едноставно, но ефектно.
Владо Георгиев
Црногорскиот шармер се појави во лежерна и за него - препознатлива комбинација. Црната кошула и штофеното сиво палто убаво му прилегаат на музичарот. Она што не соодветствува се фармерките и тоа во оваа ниту светла, ниту темна нијанса на џинс. Доколку тие би ги заменил со црни панталона-фармерки, севкупниот изглед, а и сакото кое овде се издвојува, би дошле повеќе до израз