Модно жири: познатите на Париската модна недела и АЛМА наградите

4 октомври 2013

На неодамна одржаните АЛМА награди каде се избираа најпопуларните личности од Јужна Америка, на црвениот килим продефилираа многу јавни личности стокмени од глава до пети. Од нив направивме селекција на  највпечатливите изгледи како добри така и лоши. Освен овој настан, централно внимание имаше и Париската модна мода, каде голем број на актерки, пејачки, манекенки и трендсетерки позираа пред објективите на фотографите во стајлинг наменет за првите редови од овој голем моден настан. Дизајнерски тим ги анализираше избраните изгледи,  а коментарот за истите изгледа вака:

Домаќинката на АЛМА- Ева Лонгорија Домаќинката на АЛМА- Ева Лонгорија

Ева Лонгорија како домаќинка на АЛМА наградите, за време на настанот промени осум различни стајлинзи кои беа вистински погодок, но фустанот од Рамона Кавеза беше највпечатливиот и затоа го избравме како моден погодок во овонеделното жири. Едноставно на овој стјлинг не можеме да му најдеме маана зашто е гламурозен, ја истакнува линијата на актериката, додека пак плетенката и шминката сосема се надополнуваат на целосниот изглед кој дефинитивно е за пофалба.

 

Марија дел Росарио-Чаро Марија дел Росарио-Чаро

Иако публиката е навикната да ја гледа во провокативна облека, шпанската актерка и гитаристка попозната како Чаро изгледа премногу нападно за својата возраст и за манифестацијата на која присуствува. Иако карнерите и ракавиците се во тренд, во овој случај не ги носи вистинската личност. Винтиџ сандалите се интересни, но во низ изгледа како да и е неудобно.

Фарел Вилијамс Фарел Вилијамс

Во овој стајлинг музичарот и дизајнер е фотографиран на Париската модна недела. Фарел секогаш знае како треба да изгледа, па така и овојпат. Карираната кошула и белата маичка се апсолутен погодог, но фармерките можел да ги замени со некој спортски модел на панталони наместо џинс. Во случајот аксесоарите се клучни и тие го даваат шмекот на оваа комбинација.

Кети Пери Кети Пери

Пејачката Кети Пери е фотографирана на улица во Париз. Некако изгледа монотоно иако направила правилен спој на парчињата кои ја истакнуваат нејзината витка линија. Интересен ремен и алки на рацете во впечатлива знатна нијанса, сосема ќе го освежат овој стајлинг.

Сиара Сиара

И пејачката и манекенка Сиара е фотографирана  на улица во Париз за време на модната недела. Нејзиниот изглед наиде на многу коментари низ медиумите и социјалните мрежи, како позитивни така и негативни. Ние би ја ставиле во позитивните, зашто белата боја и дава доза на софистицираност и отменост, можела само да облече малку подолга туника или фустанче што ќе открива само мал дел од нозете. Сепак, таа е неверојатно маркантна и тоа токму поради тоа ја вбројуваме во оние што не погрешиле во изборот на гардероба.

 

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Сцена