Fashionel и оваа недела ви го презентира стилот на познатите. Следејќи ги актуелностите, ние го следиме и изгледот на личностите од јавниот живот. За оваа недела одбравме неколку комбинации, каде елеганцијата доминира.
Погледнете го овонеделното модно жири.
Ирена Спировска
Ирена за оваа пригода одбрала тренди боја и комбинација која одлично ѝ прилега на фигурата. Водителката и овој пат покажа елеганција, со фустанот кој ја следи линијата на телото и сакото. Единственото нешто околу што можела да се потруди повеќе е изборот на аксесоари. Обетките, чевлите и чантата не соодветствуваат комплетно на севкупниот концепт на стајлингот.
Бојана Тевчева
Белата боја внесува свежина во изгледот на водителката. Елегантната линија на фустанот допринесува Бојана во исто време да изгледа и нежно, но и мошне софистицирано. Иако часовниците можат да бидат мошне елегантен додаток, за овој изглед, би препорачале накит со кој елеганцијата би се довела до перфекција.
Тиркизната боја е една од најактуелните за оваа сезона, и Виолета тука го направила вистинскиот избор. Дискрените обетки и чевлите во иста нијанса со фустанот одлично го надополнуваат изгледот кој зрачи со елганција. Одличен избор ако сакате да изгледате како вистиснка дама.
Елена направила правилен избор кога е бојата на фустанот во прашање. Жолтата е исто така една од тренди боите за ова лето. Новинарката ги следела актуелностите и кога се работи за накитот, па масивниот гердан е полн погодок. Сепак, кардиганот не соодветствува ниту со бојата ниту со материјалот. Предлагаме некоја поинтензивна боја, што би го освежила изгледот. Исто така, поелегантна чанта би бил посреќен избор за овој стајлинг.
Една од најзгодните пејачки, Ана Николиќ секогаш знае да ја истакне совршената фигура, па така и овој пат. Плисираниот, лелеав долг фустан во пастелна боја е вистински погодок за летните денови. Иако чевлите соодветствуваат на нијансата на фустанот, пејачката можела да биде и посмела. Изборот на накит е добар, еинствено нема потреба од герданот, бидејќи фустанот во горниот дел е доволно атрактивен.