Нашата позната водителка Ирена Спировска, која секогаш изгледа беспрекорно, воодушеви во креација на ЕЛЕНА ЛУКА на Виенскиот бал кој се одржа вчера вечер во хотелот Александар Палас.
Ирена носеше елегантна, нежна тоалета во светло сива нијанса, која што совршено одговараше на нејзината тонизирана фигура.
Горниот дел ги откриваше рамената и суптилното деколте, додека долниот дел од фустанот беше пораскошен со лелеави слоеви од тул, што даваа еден нота на гламур.
Ирена зрачи со безвременска убавина и насмевка што секого освојува, а вечершната тоалета од ЕЛЕНА ЛУКА само ја нагласи софистицираноста на оваа наша дама.
Виенскиот бал веќе со години е најгламурозниот настан во нашата земја, нешто што го очекуваме со голема желба и нетрпение секоја година. Тоа е настан на кој што можеме малку да уживаме во еден погламурозен амбиент, што не се гледа секој ден.
Мојата креација од ЕЛЕНА ЛУКА што вечерва ја носам во целост се совпаѓа со магичниот гламур на Виенскиот бал. Кога станува збор за избор на тоалета нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА е секогаш број еден и токму затоа ја имаат мојата целосна доверба. Квалитетот и уникатноста на совршено скроените креации сами по себе се препознаваат и говорат за една максимална посветеност кога станува збор за рачна изработка на тоалети. Безвременски, а истовремено и модерни, токму како и овој фустан што го носам вечерва во којшто се чувствувам навистина прекрасно.
Вистинска принцеза на бал, се зборовите кои што би го опишале ова магично издание на водителката.
Сите комплименти за Ирена и креативното решение на ЕЛЕНА ЛУКА.